На Прилеп му е потребна монтажната болница

24.09.2020 16:06

Прилеп со сериозна, иако не алармантна ситуација со пандемијата. Семејните прослави, веселби и слави, двојно и тројно ги зголемија случаите на заболени. Инфективното одделение во болницата е на работ на капацитетот и неопходно е што побрзо да профункционира монтажната болница која во Прилеп треба да биде меѓу првите. Локалните власти со поригорозни мерки...

Иако не е алармантна, ситуацијата со Ковид-19 во Прилеп е сериозна, констатираше кризниот штаб. Семејните веселби, имендените, славите, групните собирања се главните генератори за пандемијата. Во последните два месеца има по 150-ина случаи месечно, наспроти двојно и тројно помалкуте случаи во јули и јуни.

Инфективното одделение е на работ на капацитетот, а тешко може да примат клиниките во Скопје поради преоптовареност. Одделенеието има потреба од медицински кадар, 10 лица од кои двајца инфектолози, а на Прилеп му е прекупотребна монтажната болница за регионот со преку 150.000 жители.

Не се проблем работните средини, туку, домашните прослави, констатираат од Центарот за јавно здравје.

Кризниот штаб со одлуки: во градскиот пазар не може без дезинфекција и заштитни маски, ќе се контролираат работните средини, групирањата, засилена полициска контрола за носење заштитни мерки, инспекции во институциите.

За среќа, нема никакви проблеми во прилепските градинки.

 

Елизабета Митреска