Постизборни предизвици и ЕУ перспективи

24.09.2020 16:12

Во очекување на преговарачка рамка до крајот на годината и старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, Фондацијата Конрад Аденауер организира серија панел дискусии за приоритетните сегменти во процесот на исполнување на условите за прием на нашата држава во Европската Унија. На денешната дискусија во Штип беа акцентирани состојбите во образованието, слабостите на државните институции и слабата контролна функција на законодавната врз извршната власт...

Во три децениската плурална демократија, Македонија не заостанува зад западните општества, но од нас се бара побрзо да ги развиваме демократските процеси. Ова на испит ги става институциите кои покажаа слабост и подложност на политички влијанија.

Слабите институции се дел и од проблемот со трансформација и дигитализација на образованието кај нас, смета професор Барбареев.

За стабилен поредок и високо ниво на демократија, предуслов е силна контрола на Собранието врз извршната власт.

На дискусијата организирана од Фондацијата Конрад Аденауер и Вифрид Мартенс центарот за Европски студии стана збор и застапеноста на жените во политиката, проверка на јавниот сектор и јакнење на корпоративната етика.

Славица Величковска