Претседателот на Словенија, Борут Пахор во дводневна посета на земјава

25.09.2020 10:21

Пахор ќе има тет-а-тет средба со домаќинот Стево Пендаровски. Предвидено е напладне да положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Шефот на словенечката држава ќе има средби и со претседателот на Собранието, Тахал Џафери, ќе има обраќање во Собранието и средба со премиерот Заев.

Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска и утре во официјална посета на земјава. Со највисоки државни и воени почести во „Вила Водно“ претседателот Пендаровски го пречека неговиот словенечки колега, со што започна официјалната дводневна посета.

Пахор ќе има тет-а-тет средба со домаќинот Стево Пендаровски. Предвидено е напладне да положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Шефот на словенечката држава ќе има средби и со претседателот на Собранието, Тахал Џафери, ќе има обраќање во Собранието и средба со премиерот Заев.

Утре во Охрид, Пахор и Пендаровски ќе присуствуваат на показна вежба на македонските армиски специјалци и ќе ги разгледаат културните знаменитости.

Во состав на словенчката делагација е и министерот за одбрана на Словенија, Матеј Тонин, кој ќе има средба со министерката за одбрана Шеќеринска.