Земјоделство

Органското производство стагнира

25.09.2020 10:39

Житото, добиточна храна, грозјето, ароматичните билки и јагнешкото се најпроизведуваната органска храна во нашата земја. Досега во Македонија се регистрирани скоро 500 фармери во овој бизнис кој обработуваат површина од 3.100 хектари. Нивното производство главно се продава на домашниот пазар...

Органското производство лани во однос на 2018-та бележи раст кај житните култури за 11, кај лозовите насади за 40, зеленчукот за 1 процент и овошјето за скоро 33 проценти.

Земјоделците кои одгледуваат индустриски и фуражни култури, пак, го напуштаат овој начин на одгледување. Падот во овие сктори е 82 отсто.

Според  Државниот завод за статистика, од органските житни култури,производството на пченицата, р’жта и јачменот е минимална. Кај површините под органска пченка, овесот и кај другите жита има незначителен пораст.

Падот на површините под органски индустриски култури доминира и кај ароматични, медицински и зачински растенија кои во 2018 година биле застапени со 99 отсто, а во 2019 година со 80,26 проценти.  Наспроти ова, пораст бележи сончогледот, и тоа за 18 процент.

Површините на органски зеленчук се зголемени за 1, а кај овошјето, пак, се зголемени за 32 отсто. Притоа, пад има кај јаболката, крушата, праската, вишната и кајсијата, додека раст се бележи кај сливата, црешата и бобинките.

 

Методија Трајков