„Тигрите“ одбележаa 33 години од нивното формирање

13.03.2014 12:44

Единицата за специјални задачи „Тигар“ денеска одбележа 33 години од нејзиното формирање.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која присуствуваше на одбележувањето, истакна дека МВР и граѓаните се горди на оваа единица.

-Во единицата се луѓе кои со својата пожртвуваност докажале дека единицата го заслужува епитетот елитна. ЕСЗ денес е модерна формација, со високообучени специјализирани тимови, посочи Јанкулоска.

Таа додаде дека улогата што „Тигрите“ ја имаат во процесот на осамостојување е многу важна.

Припадниците на оваа единица имаат посебно ниво на обученост, вештини и знаење, а забележителни се досегашните резултати на тимовите за спасување, нуркачкиот тим, снајперските тимови и преговарачкиот тим кој е единствен во Република Македонија.

Јанкулоска додаде дека единицата е персонално освежена, а ќе биде опремена со најмодерна опрема и вооружување во рок од две години, со што на одбележувањето на 35-годишнината од формирањето на оваа единица, ќе биде завршена и оваа задача.

Припадниците на единицата во знак на благодарност за изразената поддршка врачија плакети и благодарници на врвот на Министерството за внатрешни работи и нивните соработници.