Авион на српската војска се урна во близина на границата со БиХ
25.09.2020 12:00
Во инцидентот е повреден и локален жител во чијшто двор паднал авионот, и тој со изгореници е префрлен во болницата во Лозница.

Авион Миг-21 на српската војска утринава се урна во Мал Зворник, во близина на границата со Босна и Херцеговина. Леталото извршувало редовни задачи, а по падот се запалило. Како што пренесува РТС, едниот пилот загинал, а по другиот се трага.
Во инцидентот е повреден и локален жител во чијшто двор паднал авионот, и тој со изгореници е префрлен во болницата во Лозница.
Мигот бил последниот авион од овој тип на војската на Србија, а бил користен 34 години, откако во 1986 година биле набавени 261 вакво летало. Во тек е истрага за несреќата.
