Викендов обилен дожд, грмежи и силен ветер
Во текот на викендот нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на изразена циклонска активност со повремени врнежи од дожд...

Денеска во земјава преовладува сончево и топло време со умерена облачност. Кон крајот на денот во западните делови ќе настапи зголемување на облачноста со врнежи од дожд локално поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
Во текот на викендот нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на изразена циклонска активност со повремени врнежи од дожд. Утре на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на локално невреме со пообилни врнежи, над 30 литри на метар квадратен, грмежи и услови за појава на град.
Се очекува и силен ветер кој што на моменти ќе надминува брзина од 80 километри на час. Дневната температура значително ќе опадне.
