Сеуште нема конкретни информации за исчезнатиот „Боинг 777“
Според најновите податоци авионот летал уште четири часа откако ја загубил врската со контролата на летање, со што една од теориите е дека минал уште 4.000 километри односно се упатил кон границата на Пакистан.
Шести ден без конкретни информации што се случило со исчезнатиот малезиски Боинг 777. Медиумите со различни информации и шпекулации, но досега ниту една не доведе до вистинската трага.
Според најновите податоци авионот летал уште четири часа откако ја загубил врската со контролата на летање, со што една од теориите е дека минал уште 4.000 километри односно се упатил кон границата на Пакистан. Кинеските властине не ја потврдуваат веста која вчера беше најактуелна, дека остатоците најдени во Јужно Кинеско Море му припаѓаат на паднатото летало.
„Бевме на местото кое беше посочено, но не најдовме ништо“, вели Азарудинин Абдул генерален директор на малезиското цивилно воздухопловство.
Премиерот на Кина соопшти дека истрагата продолжува и дека неговата Влада нема да се откаже од истрагата се додека постои и најмала надеж. .
„Операцијата е од меѓународен карактер и е многу детална. Кинеската Влада ги повикува сите релевантни страни да учествуваат во оваа мисија за подобра координација . Мора да се лоцира исчезнатиот авион што е можно поскоро“, изјави кинескиот премиер Ли Кегиан.
Агентите на ЦИА имаат поинаква теорија. Дека се работи за самоубиство на пилотот, а сомнежот го поткрепуваат со податокот дека пилотот непосредно пред неговото исчезнување не можел да го вклучи транспондерот, уредот за пренос на електронски сигнали. Надежта кај роднините е се помала. Молитвите се единствениот спас.
„Знаеме дека ронините се во тешка положба, ќе им понудиме парична помош од 5.000 долари, за дневни потреби, но знаеме дека тоа нема да им ја намали болката“, вели претставник на Малезија ерлајнс
Досега десетина земји се вклучија во потрагата по леталото во кое имаше вкупно 239 патници и членови на екипажот.
Марија Петковска
