Меѓународен ден на знаковниот јазик
Најголем проблем со кој што се соочуваат лицата со оштетен слух е комуникацијата. Велат дека треба да има поголем број на толкувачи. Во моментов, во нашата земја има 15 активни толкувачи, а само 31 се лиценцирани на ниво на целата држава...

Најголем проблем со кој што се соочуваат лицата со оштетен слух е комуникацијата. Велат дека треба да има поголем број на толкувачи. Во моментов, во нашата земја има 15 активни толкувачи, а само 31 се лиценцирани на ниво на целата држава.
Знаковниот јазик им помага и на децата со аутизам полесно да се изразат и да ги изразат своите емоции, велат од здружението.
Постојат многу знаковни јазици. Секоја држава си има свој. Но, кога комуницираме со лица од други држави користиме интернационален знаковен јазик, велат од здружението „Млад знак“.
23-ти септември е меѓународен ден на знаковниот јазик. Во нашата земја од 2009-та година постои Закон за употреба на знаковен јазик.
Преку 4-часовен настан во Градскиот парк во Скопје граѓанските активисти сакаат да се подигне јавната свест за оваа категорија на граѓани и за тоа колку е важна употребата на македонскиот знаковен јазик во општеството.
Ана Јосифоска- Тодоровска
