Петмина полициски службеници нападнати од дрвокрадци, еден се бори за живот
Петмина полициски службеници од полициската станица од Чашка, вчеравечер биле нападнати од дрвокрадци во атарот на село Степанци, велешко. Еден од полицајците се здобил со повреда во главата, а еден во стомакот. Приведени се четворица. Се работи на расчистување на случајот...

Полициски службеник се бори за живот откако вчеравечер заедно со четворица свои колеги, физички биле нападнати од дрвокрадци во атарот на село Степанци, велешко.
Поради сериозноста на повредите еден полициски службеник задржан е на лекување во велешката болница, додека останатите тројца по укажаната лекарска помош, пуштени се на домашно лекување. Од СВР Велес информираат дека групата дрвократци кои ги нападнале полициските службениц броела 30-ина Роми од прилепско, а од нив веќе 4- ца се приведени.
Осуда на настанот денес стигна од полицискиот синдикат. Бараат сторителите да бидат најстрого казнети, бидејќи секој напад врз полициски службеник е напад кон државата. Мета на дрвокрадците често се и припадниците на шумската полиција.
Памела Цилаков
