Невладината „Аваја“ најави протест за Ромите кои претрпеа полициска бруталност
Ромите од Битола кои претрпеа полициска бруталност тврдат дека се враќале од роденденска прослава, биле пијани и со возилото удриле во бандера. Од невладинатаорганизација „Аваја“ најавија протест, за ваквите случаи да не се повторат. Од МВР уште вчера рекоа дека е утврден идентитетот на учесниците во настанот и се истражува што се случило. Полициската бруталност ја осуди и премиерот Заев...

Сѐ почнало по сообраќајната несреќа што сами ја предизвикале. Ромите од Битола кои претрпеа полициска бруталност јавно проговорија за завчерашниот инцидент. Тврдат дека се враќале од роденденска прослава, биле пијани и со возилото удриле во бандера.
Од невладината организација „Аваја“ најавија дека ќе организираат протест против полициската бруталност и ја повикаа ромската заедница и невладините организации да се приклучат, со цел ваквите случаи да не се повторат.
Со реакција се јави и премиерот Заев. Од МВР уште вчера рекоа дека е утврден идентитетот и внатрешна контрола истражува што се случило.
Расчистување на случајот побараа од мрежата за заштита од дискриминација и од Фондацијата Отворено општество.
Хелсиншкиот комитет за човекови права најави дека ќе поднесе претставка до специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања.
Игор Панов
