Коронавирусот се шири низ градинките

25.09.2020 16:40

Шест деца со ковид се хоспитализирани во болницата во Колзе. Според директорот Ангелко Андоновски децата со лесна клиничка слика го поминуваат корона вирусот. Лекарите се подготвени, но не очекуваат зголемување на бројот на пациенти ако се почитуваат протоколите...

Негувателка од градинка во Свети Николе е позитивна на корона вирус. Три дечиња од јасли и колешката со која била во група се во изолација. Негувателката во понеделник пројавила симптоми, во вторникот не дошла на работа, вчера го добила позитивниот наод. Случајот го потврдија од Центарот за јавно здравје- Велес. Градинката „Рахилка Гонева“ во Свети Николе почна со работа во понеделникот, подоцна од другите, поради заболен административен работник. Здравствените работници бележат раст на бројот на заболени деца. 

Од 10 – 15 деца секој ден доаѓаат во болницата Козле со симптоми на корона вирус. Но, само кај едно до две се констатира Ковид – 19.

Во моментот во детската болница Козле се хоспитализирани 6 заболени деца. Изминативе 7 месеци околу 500 деца биле на болничко лекување, но само 60 биле со Ковид – 19. Првиот човек на болницата, вели дека биле со лесна клиничка слика. Во пресрет на сезонскиот грип и додека корна вирусот е уште активен доктор Андоновски дава појаснување.

Откако почнаа со работа, вирусот се шири низ градинките во државата. Ковид- позитивни деца имаше во Скопје, Струмица, Чешиново. Додека бројот на возрасни вработени во градинките е поголем. Заболени има во осум градови. Децата и вработениоте кои биле во контакт со заболените од корона се во карантин.

Од вкупниот број на регистрирани заболени со коронавирус, до сега над 17 илјади, 500 се деца и млади до 19 години.

 

Наташа Јанчиќ