Глоба од 50.000 евра за САСА, 15.000 евра за одговорното лице

25.09.2020 15:29

Рудникот САСА и одговорното лице се казнети со вкупно 65 илјади евра за екоинцидентот со истекување јаловина...

Рудникот САСА и одговорното лице се казнети со вкупно 65 илјади евра за екоинцидентот со истекување јаловина. Правното лице ќе треба да плати 50 илјади евра, а одговорното глоба од 15 илјади евра во денарска противредност.

Поради констатираниот прекршок Државниот инспекторат за животна средина го задолжил рудникот да спроведе и девет други мерки. Да го исчисти речното корито од јаловишен материјал, како и талогот на јаловина од бунарската зона.

Исто така САСА треба да ја стабилизира јаловишната брана според техничко решение согласно законот, како и да се предвидат дополнителни мерки за работа со хидројаловиштето.