Летонија ќе страда најсилно од санкциите на ЕУ за Русија
Можното наметнување на санкции од страна на Европската унија за Русија во врска со ситуацијата во Украина ќе се одрази негативно на економијата на Летонија, изјавил летонскиот министер за економија на Вјачеслав Домбровскиј во интервју за локална телевизија, пренесува ИТАР-ТАСС.

„Силното влијание ќе го почувствуваат три индустрии. Првата е агроиндустријата, Русија е нашиот втор најголем партнер во однос на извозот. 43 проценти од летонскиот извоз во Русија се прехранбени и земјоделски производи. Вториот сектор е енергетиката. Ние сме целосно зависни од Русија за снабдување со природен гас. Третиот - тоа е транзитот, бидејќи 70 проценти од сите транзитни превози се поврзани со Русија", рекол Домбровскиј.
„Нема да претерам ако кажам дека меѓу сите земји од ЕУ, во Летонија односите со Русија заземаат најголем удел во економијата. Ако бидат воведени санкции, тогаш од земјите во ЕУ, ние ќе го почувствуваме најсилното влијание", истакнал летонскиот министер.