Светските лидери бараат крај на судирите меѓу Азербејџан и Ерменија
Стејт департментот повика и на прекин на провокативната реторика и сите други активности кои би ја влошиле ситуацијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе се обидат да го запрат насилството меѓу Ерменија и Азербејџан. Стејт департментот повика и на прекин на провокативната реторика и сите други активности кои би ја влошиле ситуацијата.
Претседателскиот кандидат на демократите Џо Бајден побара од администрацијата на својот опонент да прати повеќе набљудувачи на линијата на раздвојување, а од Русија – да запре со пратките со оружје и за двете страни.
Турција разговара со членови од групата од Минск која посредува. Анкара и натаму тврди дека Ерменија е најголемата закана за мирот во регионот. Етничките Ерменци во Нагорно-Карабах прогласија независност за време на судирите по распадот на Советскиот сојуз во 1991 година.
Иако три години подоцна беше договорен прекин на огнот, Азербејџан и Ерменија продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за нападите во оваа област и долж границата.
