Фудбал

Отворање на нова нокаут-рунда во Лигата на Европа

13.03.2014 13:05

Лигата на Европа нуди нова привлечна фудбалска вечер. На програмата се првите натпревари од 1/8 финалето. Осум стадиони ги отвораат вратите за првиот дел од битката за  пласман во повисока фаза. Главниот куриозитет е соочувањето меѓу Севилја и Бетис. Не само што се двете шпански екипи, не само што се двете од провинцијата Андалузија, туку  се од ист град, од две сосоедни „маала“ на Севилја.

Ждрепката ги состави и Јувентус и Фиорентина, двете еминентни имиња на италијанскиот фудбал. Тоа е еден од бисерните дуели вечерва со голема привлечна моќ. Сеуште е врело оружјето од нивната саботна меѓусебна битка во Серија А, која Јувентус со голот на Асамоа ја доби со 1:0,а  следи ново излегување на истите воини на тревата во Торино.

Историјата на овој европски куп, Јувентус и Фиорентина ги памети и како актери на големото финале во 1990 година. Завршниот дуел од тогашниот Куп на УЕФА го доби Јувентус. Во првиот натпревар на „Деле Алпи“  Јувентус победи со 3:1. Реваншот во Фиренца заврши нерешено 0:0!

Двојките од 1/8 финалето на Лигата на Европа:

19.00 часот:

Базел-Салзбург

Лудогорец-Валенсија

Порто-Наполи

21.05 часот:

АЗ Алкмар-Анжи

Лион- Викторија П,лзењ

Севилја-Бетис

Тотенхем-Бенфика

Јувентус-Фиорентина, пренос на МРТ1, 21:05