Актерот Хоакин Феникс го доби своето прво дете
Актерот Хоакин Феникс (45) и неговата свршеница Руни Мара (35) станаа родители на момче по име Ривер Феникс, кој името пак го доби по покојниот брат на славниот актер.

Среќната вест едноставно излета од устата на режисерот Виктор Косаковски на филмскиот фестивал во Цирих, додека тој зборуваше за неговата соработка со Хоакин Феникс .
„Патем, тој имаше бебе ... прекрасен син по име Ривер“, рече режисерот.
Хоакин и Руни досега не го потврдија официјално раѓањето на нивниот син, но тие не и соопштија на јавноста и за нивната свршувачка.
Хоакин потекнува од актерско семејство. Неговите сестри се актерки, неговиот брат Ривер Феникс кој исто така беше познат актер трагично почина во екот на славата. Во неколку ретки интервјуа, Хоакин рече дека токму Ривер е одговорен за неговото влегување во светот на актерството и дека го има во секоја своја улога.