286 санкционирани возачи во Скопје, од кои 150 за пречекорена брзина

28.09.2020 11:50

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 286 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 13 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, нерегистрирани возила 14, 11 санкционирани мотоциклисти, 53 мерки за непрописно паркирање, а изречени се и 44 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.