Пандемија

Над милион починати од Ковид-19 на глобално ниво

28.09.2020 11:53

Италија со продолжена вонредна состојба, Австралија прави спреј за нос против коронавирусот...

Над милион починати од Ковид-19 на глобално ниво. СЗО предупредува дека бројката може да се удвои. Италијанските власти размислуваат да ја продолжат вонредната состојба поради пандемијата која истекува на 15 октомври.

Причина за ваквата одлука е загриженоста дека со отворањето на училиштата би можела да се влоши епидемиолошката состојба. Стручните лица нагласуваат дека се потребни уште три седмции за да се процени ова.

Во меѓувреме, австралиската биотехнолошка компанија „Ена Респиратори“ објави дека спрејот за нос „Инна-051“ го намалил нивото на коронавирусот и до 96 проценти.