Јотовски победува во Египет
Македонскиот тениски адут на ИТФ Фјучерс турнирот во Шарм ел Шеик, Томислав Јотовски победи и во вториот меч.
И во оваа рунда тој елиминираше италијански ривал, овојпат петиот фаворит на турнирот, Клаудио Фортуна. Сега му беа потребни три сета зашто го загуби првиот со 6-1, но возврати со два добиени гејма, 6-4 и 6-3.
Во четвртфиналето Јотовски кој е моментно 815-ти на АТП рангирањето, најверојатно ќе се судри со најголемиот фаворот на турнирот Египќанецот Мохамед Сафват. 23 годишниот Сафват, 210 на АТП листата е поблиску до триумф од Сириецот Ишам Тавел.

Јотовски во дубл со Босанецот Нерман Фатиќ денеска игра и четвртфинале во кое за противници ги имаат Италијаните Бесире и Луиси.