Проблеми со поврзување на платформата за далечинско учење, системот се тестира
Повеќе ученици и родители денеска не можеа да се вклучат на платформата за далечинско учење. Од Министерството за образование и наука смируваат. Велат тоа е дел од тестирањето, станува збор само за моментални проблеми со поврзувањето...
Повеќе ученици и родители денеска не можеа да се вклучат на платформата за далечинско учење. Од Министерството за образование и наука смируваат. Велат дека тоа е дел од тестирањето и станува збор само за моментални проблеми со поврзувањето на платформата.
Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме потполно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови, велат од МОН.
Денеска и утре се очекува учениците од земјава да ја тестираат националната платформа за да се види нејзината издржливост пред стартот на учебната година која започнува во четврток.
