Битола: Уште една воспитувачка во градинка позитивна на Ковид-19

28.09.2020 13:02

Воспитувачката била во изолација од четвртокот, откако нејзиниот сопруг покажал симптоми на вирусот, со тестирањето во саботата била потврдена болеста.

Уште една воспитувачка во градинката „Коца Василева“ во Битола  е позитивна на Ковид-19. Овој случај не се поврзува со претходно заболена колешка од оваа градинка. Се заразила надвор од работното место.

Воспитувачката била во изолација од четвртокот, откако нејзиниот сопруг покажал симптоми на вирусот, со тестирањето во саботата била потврдена болеста.

Поради потврдата за позитивен случај превентивно се во изолација 13 деца од градинката и уште една негователка од истата група.