Кривичен суд

Одбраната на Јанакиески бара да се повлече обвинението за случајот „Насилство во Центар“

28.09.2020 13:31

Адвокатот Димитар Дангов му предложи на Обвинителството да го повлече обвинението бидејќи не се докажало дека е сторено кривичното дело за кое обвинет е Јанакиески.

Завршни зборови на одбраната на Миле Јанакиески во скопскиот Кривичен суд за случајот „Насилство во Центар“. Адвокатот Димитар Дангов му предложи на Обвинителството да го повлече обвинението бидејќи не се докажало дека е сторено кривичното дело за кое обвинет е Јанакиески.

Дополнително, Дангов рече ако тоа не го стори Обвинителството, предложи судот да донесе ослободителна или одбивателна пресуда.

На минатото судење, Обвинителството го промени обвинението и од одговорност ја ослободи поранешната пратеничка Даниела Рангелова и уште двајца обвинети.