Цената на горивата останува иста, поскапува мазутот
28.09.2020 13:38
Единствено за 0,355 денари поскапува мазутот и килограм од овој енергенс ќе се продава за 25,6 денари.

Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на бензините, дизелот и екстралесното масло за домаќинство да не се менуваат и да останат на исто ниво во наредните седум дена. Единствено за 0,355 денари поскапува мазутот и килограм од овој енергенс ќе се продава за 25,6 денари.
Во изминатите седум дена референтните цени на бензините и дизелот на светските берзи бележат намалување до 1,9 насто, освен мазутот кој поскапе за 0,8%. Истовремено курсот на денарот во однос на доларот е зголемен за 1 насто.
