Корона- криза

Коморите и синдикатите задоволни од новите мерки за спас на економијата

28.09.2020 13:42

Коморите и синдикатите задоволни од четвртиот пакет мерки за спас на економијата од коронакризата. Граѓаните поделни, бараат мерките да бидат долгорочни...

Задржување на работните места, подобрување на ликвидноста на компаниите, помош за најпогодените граѓани – ова е главната цел на четвритот пакет економски мерки. Од Сојузот на стопански комори велат дека со ова треба да им се помогне на компаниите да ја преживеат кризата.

И од Стопанската комора оценуваат - сетот мерки не значи само санирање на последиците од кризата, туку и поддршка и за извозно ориентираните компании.

„Се предвидуваат и системски реформи кои би се однесувале на целото стопанство.Најавеното намалување на увозните давачки за суровини е значајно за извозно ориентираните компании кои реално и сега и во иднина ќе ја држат економијата на нозе“- велат од Стопанската комора.

Сојузот на синдикатите бара поддршката за работниците да продолжи и во наредниот период. Граѓаните поделени во ставовите .

Со новиот пакет мерки треба да бидат поддржани над 250.000 работни места со 70 милиони евра, предвидени се платежни картичка од по 6.000 денари за различни категории граѓани, како и викенд без ДДВ.

 

Дијана Ценевска