Кривичен суд

Завршни зборови на одбраната на Јанакиески за „Насилство во Центар“

28.09.2020 16:03

Завршни зборови на одбраната на Миле Јанакиески во скопскиот Кривичен суд за случајот „Насилство во Центар“. Адвокатот Димитар Дангов му предложи на Обвинителството да го повлече обвинението бидејќи не се докажало дека е сторено кривичното дело за кое обвинет е Јанакиески...

Екс-министерот Јанакиески не бил близок соработник на поранешниот премиер Груевски. Да бил, немало за него да има 80.000 прислушувани разговори и 100.000 СМС-пораки, кажа во завршниот збор неговиот бранител, Еленко Миланов. Наводите во обвинението покажуваат дека Јанакиески сакал да ја смири состојбата, ниту бил таму, ниту со една пцовка може да поттикне на насилтво, додаде Миланов.

Неговиот адвокат Дангов побара Обвинителството да го повлече обвинението, а судот да донесе ослободителна пресуда бидејќи според него, Обвинителството не ја докажало неговата вина.

Адвокатот Боро Тасевски, рече дека протестот пред Општина Центар не бил партиски, туку верски. Организатор на протестот била Македонската православна црква, и Владиката Агатангел, кој ги повикувал верниците на заштита на црквата „Св. Константин и Елена“, рече адвокатот.

Обвинетите во предметот, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, се товарат за поттикнување на насилството на протестите пред Општина Центар во јуни 2013-та година.

Фиљана Кока