Османи во Брисел на средба со првиот дипломат на ЕУ, Жосеп Борељ

28.09.2020 16:10

Клучна точка на посетата на министерот за надворешни работи Османи на Брисел е преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство со Европската унија до крајот на годинава.

Османи на средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешна и одбранбена политика Жозеп Борељ ја поздравил поддршката за европската перспектива на регионот и конкретните иницијативи за обезбедување мир, стабилност и просперитет на земјите од Западниот Балкан.

Истакнал дека одржувањето на  првата меѓувладина конференција ќе биде охрабрувачка порака и кон останатите земји од регионот да направат се за исполнување на реформите и постигнување компромиси за надминување на билатералните спорови.

На средбите со европарламентарците Михаел Гахлер, Клара Добрев, Ана Фотига и Рајнхард Бутихофер,  шефот на дипломатијата изразил очекување за навремено усвојување на преговарачката рамка со запазување на принципите на новата методологија за преговори.

Европратениците ја повториле силната поддршка за европската перспектива и за непречен тек на европската агенда на земјава.

Министерот за надворешни утре ќе има средба и со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.