Седумнаесет припадници на Армијата повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип- Радовиш

29.09.2020 09:40

Се судрија патничко комби и автобус на магистралниот пат Штип- Радовиш. Според првичните информации, на 17 лица со телесни повредени им се вршат лекарски прегледи во болницата во Штип, и не се во животозагрозувачка состојба.

Станува збор за возило во кое се превезувале припадници на Армијата од други градови, кои патувале на работните места во Скопје.

Сообраќајната несреќа се случила пред седум часот утринава. Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите на МВР, од каде повеќе информации за несреќата најавуваат во текот на денот.