Откриени 65 стебла канабис во Демир Капија, приведени дилери

29.09.2020 09:59

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал.

Во местото Јаворица, Демир Капија полицијата пронајде насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри и на лице место приведе две лица С.С. (33) и А.С. (56) од Демир Капија, поради соменние за недозволено производство и продажба на марихуана.

На лице место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита на насадот. Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два карабина и една ловна пушка, како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба.

Денеска против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство- Неготино, соопштуваат од МВР.