ЗДРАВЈЕ

29-ти септември- Светски ден на срцето

29.09.2020 10:02

Секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17,3 милиони случаи на прерана смрт, а до 2030 година, се очекува дека 23.6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања. Ова се проектирани бројки од Светската здравствена организација (СЗО), при што се очекува КВБ да останат водечка причина за смрт во светот.

Иако живееме во необично време, кога главна  тема на скоро секој разговор е пандемијата КОВИД-19, не смееме да заборавиме на други важни теми, кои значат живот. Текот на пандемијата не може да се предвиди, но затоа можеме да се грижиме за нашето здравје, особено за кардиоваскуларното здравје, бидејќи е многу загрозено во овие посебни прилики. Светскиот ден на срцето нè потсетува на важноста на кардиоваскуларните болести кои се водечка причина за смрт на глобално ниво и  предизвикуваат повеќе смртни случаи отколку сите други болести и состојби  заедно и ги зафаќа најмногу земјите со низок и среден приход. Во рамките на незаразните болести кардиоваскуларните болести заедно со малигните заболувања се причина за речиси три четвртини за смртноста во Европскиот регион. Проценките покажуваат дека најмалку 80% од сите срцеви болести, срцев удар и дијабетес тип 2 може да се спречат.

Секоја година кардиоваскуларните болести се причина за 17,3 милиони случаи на прерана смрт, а до 2030 година, се очекува дека 23.6 милиони луѓе ќе умрат од овие заболувања. Ова се проектирани бројки од Светската здравствена организација (СЗО), при што се очекува КВБ да останат водечка причина за смрт во светот.

Најчести ризик фактори за настанување на кардиоваскуларните заболувања се:  зголемен крвен притисок, покачен холестерол, зголемена телесна тежина, лоша исхрана, пушење, недоволна физичка активност и покачено ниво на шеќер во крвта. Значителен број од смртните случаи се припишува на пушењето односно на тутунот, кој го зголемува ризикот од смрт од коронарна срцева болест и цереброваскуларна болест 2-3 пати. Ризикот се зголемува со возраста и е поголем кај жените отколку кај мажите.

Светскиот ден на срцето се одбележува од 2000-та година.

Дијана Гогова