Нагорно- Карабах: Ескалира судирот, соборен авион на азербејџанските сили
29.09.2020 10:22
Азербејџанската страна ги отфрли обвинувањата за соборувањето на авионот како неточни.
Армијата на Нагорно- Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на републиката. Азербејџанската страна ги отфрли обвинувањата за соборувањето на авионот како неточни.
Властите во регионот Нагорно-Карабах во Азербејџан, пак, каде што живее мнозинство ерменско население, соопштија дека загинале уште 26 нивни војници.
Ерменските и азербејџанските сили неколку дена по ред разменуваат жесток оган околу територијата на Нагорно- Карабах.
Двете страни се обвинуваат меѓусебно за употреба на тешка артилерија.
