Австралија развива спреј за нос за борба против Ковид-19
Австралиската компанија за биотехнологија "Ena Respiratory" изјави дека спрејот за нос што се развива, а чија цел е да го подобри имунитетот на луѓето како дел од борбата против настинка и грип, значително го намали нивото на вирусот што го предизвикува Ковид-19.

Во соопштението на компанијата се вели дека ова го покажале резултатите од неодамнешното истражување спроведено врз животни.
Студија спроведена под покровителство на Агенцијата за јавно здравје покажа дека производот наречен ИНА-051, што се користи како додаток на вакцината, го намалува нивото на вирусот што предизвикува ковид-19 до 96 проценти.
Компанијата објави дека ќе биде подготвена за тестирање на ИНА-051 на луѓе за нешто помалку од четири месеци, а на тоа мора да претходи одобрување од регулаторните тела.
Инвестирани се 8,24 милиони американски долари за развој на спрејот.
Неколку компании ширум светот работат на развој на вакцина за коронавирус. Австралија склучи договори со некои фармацевтски компании кои инвестираат милијарди во потенцијални вакцини против Ковид-19.
Светската здравствена организација (СЗО) изрази страв дека пандемија може да убие два милиони луѓе ако светот не работи повеќе на спречување на ширењето на вирусот и повика на фер дистрибуција на идната вакцина.
Дијана Гогова
