Доставена и кандидатурата на Пендаровски

13.03.2014 13:47

Во присуство на лидерот на СДСМ Зоран Заев, пратениците и лидерите на коалициските партии, Пендаровски изјави дека доколку биде избран, ќе биде претседател на сите граѓани, без оглед на националната и верска припадност...

Со поддршка на 38 пратеници, СДСМ  до ДИК ја достави кандидатурата за Стево Пендаровски за кандидат за претседател на Македонија. 
 
Во присуство на лидерот на СДСМ Зоран Заев, пратениците и лидерите на коалициските партии, Пендаровски изјави дека доколку биде избран, ќе биде претседател на сите граѓани, без оглед на националната и верска припадност.
 
„Нудиме претседател на сите граѓани со европска визија. Кандидатурата на Пендаровски навестува многу промени во државата и епоха на победи“, изјави генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски.
 
Денеска на полноќ истекува законскиот рок за поднесување на претседателските кандидатури. Вчера до ДИК беа доставени кандидатурите на  Ѓорге Иванов,  Илјаз Халими и  Зоран Поповски.