Ковид-19: Европа ги враќа строгите мерки

29.09.2020 10:32

Холандија забрани публика на спортски натпревари во следните три недели. Словачка забрани културни и спортски натпревари. Велика Британија воведе нови ограничувања во делови од североисточна Англија...

Голем број европски земји по зголемувањето на бројот на новозаболени од Ковид-19 најавија воведување мерки за борба против ширењето на вирусот. Мерките вклучуваат органичување на патувањата, порано затворање на баровите и рестораните, како и лимитирање на јавните собири.

Холандија забрани публика на спортски натпревари во следните три недели. Словачка забрани културни и спортски натпревари. Велика Британија воведе нови ограничувања во делови од североисточна Англија, во Шпанија околу 1,1 милион жители на Мадрид и околината смеат да ја напуштат својата населба само од нужни причини, како на пример одењето на работа.