Ре- инфекција со коронавирус досега е потврдена кај 10 лица ширум светот
Постојат „изолирани“ случаи на ре-инфекција на коронавирус во светот, но всушност има многу малку такви пациенти на глобално ниво. Досега се потврдени најмногу десет случаи

Постојат „изолирани“ случаи на ре-инфекција на коронавирус во светот, но всушност има многу малку такви пациенти на глобално ниво. Досега се потврдени најмногу десет случаи на повторна инфекција со коронавирус, изјави Ана Попова, директор на руската Федерална служба за заштита на потрошувачите и благосостојба на човекот.
Во интервју за весникот Комсомолска правда, Попова рече дека во моментов се работи за собирање на статистички податоци и дека досега се потврдени најмногу десет сигурни случаи на повторна инфекција со коронавирус.
Таа додаде дека станува збор за луѓе кои страдаат од имунодефициенција, разни состојби во кои имуниот систем не функционира правилно, па затоа инфекциите се почести и се повторуваат.
Според најновите податоци досега повеќе од 33,4 милиони луѓе биле заразени со коронавирус ширум светот, а повеќе од милион пациенти починале од ефектите на „ковида-19“.
Досега се потврдени 1.159.573 случаи на инфекција во Русија, а досега во оваа земја се излечиле 945.920 пациенти од ковида-19. 20.385 починале како резултат на болеста.
Дијана Гогова
