Османи: Стартот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион

29.09.2020 11:34

„Стартот на преговорите ќе биде јасен сигнал за европскиот курс на целиот регион“, ова го истакнал шефот на дипломатијата, Бујар Османи на средбата со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Тој рекол дека освен за реформите, новата влада ќе го искористи претстојниот период и за финализација на административно-техничката и политичка подготвеност на земјата.

Османи очекува формалниот почеток на преговорите за членство во ЕУ да започне без одлагање, во рамки на овогодинешното германско претседателство со Советот на ЕУ.

Комесарот Вархеји на состанокот посочил дека Европската комисија набрзо ќе го објави редовниот пакет за проширување заедно со годишните извештаи за напредокот, како и економско-инвестициската програма на Брисел за Западниот Балкан, со која ќе се доделат неповратни средства и заеми за спроведување инфраструктурни проекти од областа на транспортното и енергетското поврзување на регионот.

Османи и Вархеји разговарале и за Берлинскиот процес, со кој нашата земја ќе ко-претседава со Бугарија на 10-ти ноември во Софија.