Средба Поповски - Аренс: Релевантноста на избирачкиот список
Кандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ, Зоран Поповски, се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ и ОДХР, Герт Аренс, и со политичкиот аналитичар на Организацијата за безбедност и соработка на Европа, Елен Шустик соопштија од ГРОМ.
Претстојните претседателски и парламентарни избори, како и размената на мислења за начинот на нивната реализација и очекувањата за нивниот тек биле во фокусот на разговорот.

Во таа насока, посебен акцент се ставил на релевантноста на избирачкиот список, со оглед на актуелната ситуација и на тоа што подолг период, речиси една и пол деценија, нема веродостојни податоци за бројот на населението во Македонија, соопштуваат од ГРОМ.
Една од клучните теми што се отворила во текот на дискусијата била и рамномерната застапеност и третманот на сите кандидати за претседател на Република Македонија во медиумскиот простор.
Оваа средба на кандидатот на ГРОМ за претседател на државата е само продолжение од интензивната дипломатска активност, во рамките на која досега биле реализирани и средбата со дипломатскиот кор и посебната средба што Поповски ја имал пред два дена со шестчлената делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа.