Струмица: Се зголемува капацитетот на легла за прием на заразени со Ковид-19
Хируршката амбуланта во струмичката болница се пресели во нов дел, кој се градеше повеќе од три децении. Се приспособува простор за сместување на заболени од Ковид-19. Општината во моментов, има најголем број активни случаи во источниот дел од државава...

Струмичката болница го зголемува капацитетот на легла за прием на позитивни од Ковид- 19. Хируршката амбуланта е испразнета и преселена во фамозниот нов крак, таму пациентите ќе ги добиваат здравствените услуги , а во веќе старата хирушка ќе се примаат новозаразените.
Последните седмици бројот на позитивни во континуитет се зголемува, а на инфективно, капацитетот од 20 легла е исполнет.
Струмица речиси пет месеци беше на дното од табелата со заболени на Ковид- 19, ама сега е рекордер во активни 154 случаи во цела источна Македонија од Крива Паланка, па сѐ до Гевгелија.
Стојне Митева
