Коронавирус

Наскоро достапни брзи тестови за Ковид-19

29.09.2020 14:08

Според „Гардијан“, 120 милиони брзи тестови ќе бидат испорачани до земјите со ниски и средни приходи и ќе чинат околу пет долари.

Тестови за коронавирус кои ќе овозможат луѓето да ги добијат резултатите на лице место, за 15 до 30 минути, наскоро ќе бидат претставени, пишува британски „Гардијан“. Тестовите би можеле да спасат илјадници животи, но и да го намалат ширењето на пандемијата во сиромашните и во богатите земји.

Според „Гардијан“, 120 милиони брзи тестови ќе бидат испорачани до земјите со ниски и средни приходи и ќе чинат околу пет долари.

Иницијативата ја покренаа Светската здравствена организација, Европската комисија, Фондацијата Гејтс и Француската влада.