Апенинска класика!
Во вечерашните први натпревари од осминафиналето во УЕФА Европа лигата, најголемо внимание привлекува дуелот на ривалите од Серија А - Јувентус и Фиорентина, за нив втор од трите во период од само десетина дена. Пред четири дена Јуве победи со 1-0 со голот на Асамоа.

Натпреварите на конкурентите од северот на Апенините можеби не се вистински дерби средби, но со оглед на оддалеченоста на Торино и на Фиренца од 400 километри, црно – белите и виолетовите имаат силно развиено ривалство. Калчо шампионот со гордост се сеќава двете единствени меѓусебни соочувања со интернационален предзнак. Пред 24 години, во финалето на тогашниот Куп на УЕФА, Гаља, Казираги и Де Агостини му донесоа предност на Јувентус на домашен терен со 3-1. Во реваншот беше 0-0, па „бјанконерите“ го кренаа вториот од трите пехара во натпреварувањето. На трофеј од евро – куповите Фиорентина чека повеќе од половина век, од освојувањето на Купот на победниците на куповите во 1961-ва. Затоа јасно е кој е фаворит во двомечот што ќе почне на „Јувентус арена“ во Торино. Преносот е на Првиот канал од 21 часот.