Царовска: Учебната година ќе започне организирано

29.09.2020 15:01

Има основи учебната година да почне организирано, уверува министерката Царовска. Бројот на наставници е сериозен проблем. Доколку се воведе целодневна настава ќе има недостиг од кадар, велат од Синдикатот. Продолжува тестирањето на национаналната онлајн платформа за образование. И денеска учениците во обид да се логираат, наставниците да одржат пробни часови. Од Министерството велат, очекуваат да се надминат проблемите со оптоварувањето кои прават пад на системот...

Дел од учениците повторно немаа среќа да се вклучат на националата платформа за учење од далечина. И на вториот ден од тестирањето на системот, проблеми. Надлежните тврдат дека се свесни за слабите точки на платформата, но предизвиците ќе се решаваат тековно. Ресорната министерка уверена дека ќе имаме успешен старт на 1-ви октомври.

Тоа што во некои училишта, наставниците ќе мора да користат сопствени компјутери и интернет врска за да ја одржат настава, за министерката е проблем што треба да го решат градоначалниците и директорите на училиштата. Од Синдикатот, пак, предупредуваат дека за нив е неприфатливо дуплирање на часови и бараат овој проблем да се надмине. 

Од околу 1.000 училишта кои побараа дозвола за настава со физичко присуство, 554 добија дозвола од надлежните.

 

Наташа Јанчиќ