Димитров во Берлин на разговори за првата Меѓувладина конференција

30.09.2020 10:11

Ова е прва посета на претставник на македонската влада по нејзиното формирање и прва за време на германското претседавање со Советот на Европската унија...

По покана на државниот министер за Европа, Михаел Рот, вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Германија.

Ова е прва посета на претставник на македонската влада по нејзиното формирање и прва за време на германското претседавање со Советот на Европската унија.

Германија како актуелен претседавач со Унијата го води процесот на усогласување на преговарачката рамка, клучниот документ согласно со кој што ќе се водат преговорите.

Главен акцент при разговорите со релевантни соговорници, ќе биде ставен на одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава.

Министерот за надворешни, Османи, пак, ќе има видеосредба со германскиот министер за европски прашања, Хајко Мас.