Пратениците ќе расправаат за одлуките за вонредна состојба донесени од претседателот Пендаровски

30.09.2020 10:25

Со одлука на шефот на државата, од 18 март до 23 јуни, пет пати беа носени одлуки за вонредна состојба. Целта беше Владата да носи уредби со законска сила за справување со пандемијата од Ковид-19.

Во законодавниот дом пленарна седница за одлуките за прогласување вонредна состојба од претседателот Пендаровски. Се наоѓаат пред пратениците, бидејќи стариот парламентарен состав се самораспушти, а новиот не беше конституиран.

Со одлука на шефот на државата, од 18 март до 23 јуни, пет пати беа носени одлуки за вонредна состојба. Целта беше Владата да носи уредби со законска сила за справување со пандемијата од Ковид-19.

За да бидат потврдени одлуките во Собранието, потребно е двотретинско мнозинство.

Од СДСМ се изјаснија дека ќе ги поддржат одлуките, бидејќи биле неопходни за справување со ковид кризата. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најавуваат дека ќе поддржат четири од петте одлуки на Пендаровски.