Стерјовски - Македонската заедница да се признае секаде на територијата на Албанија

13.03.2014 14:02

Македонската заедница секаде на територијата на Република Албанија, треба да ги има истите права како што ги имаат Македонците во општина Пустец, изјави Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ во гостувањето на албанската државна телевизија.

Зборуваше за правата на македонската заедница во Албанија, активностите на македонската заедница, образованието на мајчин македонски јазик, територијалната поделба, бројот на македонската заедница и многубројните активности што ги остварува македонската заедница во Албанија.

- Едно од нашите барања е македонската заедница да се признае секаде на територијата на Република Албанија. Последно е и Резолуцијата на Советот на министри на Советот на Европа, кои донесоа една Резолуција со која се бара од Албанија да ја спроведе Рамковната конвенција за заштита на националните малцинствата, изјави Стерјовски.

Во врска со последните промени во Предлог-законот за новата територијална поделба на Албанија, со која општините со македонско население ќе се припојат кон албанските, што ќе значи целосна асимилација тој го повтори ставот на загриженост кај македонската заедница.

- Ние до сега преку медумите имаме добиено гаранции дека општина Пустец како малцинска област, нема да се припои, но немаме информации што ќе биде со општините во Гора и Голо Брдо. Оваа недела имаме состанок со министерот за локална самоуправа, Бленди Чучи и ние ќе ги покрениме сите овие прашања вели Стерјовски.

Областите Гора, Голо Брдо и Преспа се единствените населени места кои се со чисто македонско население. Таму официјален јазик е македонскиот кој и покрај тоа што бил забрануван успеал да се пренесе од поколение на поколение. Како малцинство Македонците имаат право да го изучуваат македонскиот јазик во училиштата на ниво на целата општина со 60% застапеност, но за жал тоа не се почитува, затоа што има недостиг на учебник на македонски јазик.

Точниот број Македонци кои живеат во Албанија не е познат, бидејќи последниот попис малцинствата го блокирале и не ги признаваат резултатите, но се претпоставува дека на територијата во Албанија живеат 120 илјади Македонци.