САД

Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

30.09.2020 10:41

Американскиот претседател Трамп и демократскиот кандидат за шеф на државата Бајден на нивна прва телевизиска дебата. 90-минутно вербално претставување и лични напади. Според анкетите, Бајден е во предност пред изборите за еден месец.

Првата дебата на двајцата кандидати на претседателските избори во САД ја покажа длабоката поделба во американската заедница. Еден наспроти друг застанаа актуелниот републикански претседател Доналд Трамп и демократскиот кандидат, Џо Бајден. Дебатата која ја следеа околу 100 милиони Американци е прва од неколку што ќе се одржат пред денот кога американските граѓани ќе изберат кој ќе ги води во наредните четири години.

Двајцата кандидати не се ракуваа поради почитувањето на физичката дистанца, а дуелот набрзо се претвори во најхаотичната дебата во поновата историја.

„Работата е во тоа што се што кажува тој е едноставно лага. Не сум овде за да ги обелоденам неговите лаги. Сите знаат дека тој е лажго“- рече Бајден.

Ти си лажго. Ти никогаш немаше да ја направиш работата што ја направивме ние. Тоа не ти е во крвта. Ти никогаш немаше да го направиш тоа, Џо“- возврати Трамп.

Бајден го нарече трамп „кловн“, „расист“ и „пион на Путин“, додека пак Трамп му упати серија навредливи коментари на сметка на неговото семејство.

Трамп и Бајден остро ги спротивставија ставовите за клучните прашања за иднината на САД, коронавирусот, Врховниот суд, даноците и расните немири.

Бајден го обвини Трамп дека долева масло на огнот на расните немири во Америка, а Трамп рече дека доколку победат демократите, ќе ја уништат САД.

Мора да имате систем во кој луѓето ќе одговараат за своите постапки. И патем, насилството како одговор никогаш не е соодветно. Никогаш не е соодветно. Мирниот протест е, но насилството никогаш не е соодветно“, изјави Бајден.

Што е мирен протест, кога тие трчаат низ градот и се обидуваат да ги запалат вашите продавници и да убиваат луѓе?“- возврати Трамп.

Двајцата претседателски кандидати продолжија со меѓусебни напади и за пандемијата со коронавирусот во САД, која го има најголемиот бреој смртни случаи во светот, со над 200.000 починати.

Претседателот нема план. Знаеше дека висурот е смртоносен и не ви го кажа тоа“, нагласи Бајден.

Ти не си паметен. Беше меѓу најлошите студенти. За 47 години, ништо немаш направено. Сојузните држави што воведоа целосна изолација немаат помал број жртви. Јас не сум против носењето маски“, рече Трамп.

Инаку според анкетата на СИ-ЕН-ЕН, спроведена меѓу изборни претставници во 20 држави, повеќе од 1,2 милиони американци веќе гласале за претседател без да ја чекаат првата дебата Трамп и Бајден.

 

Марина Ристова