СЦЕНА

Дизни најави продолжение на „Кралот лав“

30.09.2020 10:37

Дизни објави дека ќе снима продолжение на „Кралот лав“ во 3Д, а режијата ќе му биде доверена на Barry Jenkins, кој го сними филмот „Moonlight “.

„Кралот лав“, кој беше успешен во кината, и покрај слабите критики, излезе во 2019 година и заработи околу 1,6 милијарди долари. За потсетување, во првиот дел од „Кралот лав“ режисерот Jon Favreau не однесе на патување во Африканската савана каде се раѓа идниот цар.

Инаку филмот е снимен по истоименито анимиран долгометражен филм, а за прв пат беше прикажан во кино салите на 15 јуни 1994-та година.

Дизни не соопшти други детали, додека Barry Jenkins  рече дека неговиот сон е да работи со таа компанија.

„ Moonlight “ на Jenkins го освои Оскарот за најдобра филм во 2017 година.

Дијана Гогова