Здравје
Децата имаат 44 проценти помали шанси да се заразат со корона вирусот
30.09.2020 11:32
Децата имаат 44 проценти помали шанси да бидат заразени со вирусот корона отколку возрасните, покажа истражувањето спроведено од тим научници предводени од претседателот на Британскиот кралски колеџ за детски болести.

Тим научници прегледаа и анализираа 32 студии и открија дека децата и адолесцентите на возраст под 20 години имаат 44 проценти помали шанси да развијат секундарна инфекција со САРС-КоВ-2 отколку луѓето постари од 20 години.
Истражувањето наведува дека постојат прелиминарни докази дека децата помлади од 10-14 години имаат помала веројатност да бидат заразени со САРС-CoV-2 отколку возрасните, и дека адолесцентите се чини дека се приближно подложни на возрасните.
Дијана Гогова
