Капацитетите на градинките сѐ уште не се исполнети
Капацитетите на градинките сѐ уште не се целосно исполнети. Некои родители иако ги запишале своите деца, тие седат дома. Од труд и социјала предупредуваат- ако не се носи детето во градинка, ќе биде примено следното на списокот...

Градинките отворени, но капацитетите сѐ уште не се исполнети. Иако запишани, голем број од децата си седат дома, вклучитело и на родители кои претходно користеа мерки. Бројките на надлежните покажуваат дека биле издадени над 12 илјади потврди за запишани деца во градинка за ослободување од работа.
Во скопската градинка „Срничка“ капацитетот од 774 места е речиси потполнет, но само на хартија. Надлежните работат на надминување на проблем за да има место за оние на кои навистина им е потребно. 50 проценти од децата воопшто не дошле.
Родителите се известуваат, ако не го носат дедето во градинка ќе биде примено следното кое е на список. Постапката е во завршна фаза. Приоритет имаат самохраните родители и оние кои се по двајца вработени. Откако нивните деца ќе бидат примени и остане место, првите луѓе на градинките ќе треба да менаџираат кој ќе има приоритет. И додека во некои градинки нема место, во другите само половина се пополнети.
Во Куманово, Охрид и Струмица на пример, само 30 проценти од капацинетот на градинките е пололнет. Во Велес од 700 слободни места според протокол, 500 се поплнети, за разлика од Штип каде што половина од капациетот е пополнет.
Во меѓувреме, постои револтот кај дел од родителите поради тоа што плаќале за градинка за месеците, во кои нивните деца воопшто и не беа згрижени поради пандемијата. Дел од нив се обидуваат преку петиција да издејствуваат укинување на паушалот.
Бараат по примерот на некои општини, градските власти да им излезат во пресрет на родителите и таа сума да се надомести од локалните каси.
Наташа Јанчиќ- Менковски
