Филипче се сретна со сестрите од Инфективна кои поднесоа барање за отказ

30.09.2020 12:02

Поради тешките услови, со многу стрес и замор разбирливо е да дојде до потреба за промена, рекол Филипче, разбирајќи ги причините за отказот. Се обидел да ги убеди да останат на клиниката каде што нивната работа неизмерно се вреднува.

Изутрината министерот за здравство Филипче разговарал со трите медицински сестри од Инфективната клиника, кои вчера поднесоа откази до управата.

Поради тешките услови, со многу стрес и замор разбирливо е да дојде до потреба за промена, рекол Филипче, разбирајќи ги причините за отказот. Се обидел да ги убеди да останат на клиниката каде што нивната работа неизмерно се вреднува.

Паднал договор по нивниот одмор, да се бара начин за нивно враќање на Инфективната клиника.

Во барањето за отказ, главната медицинска сестра Зорица Љубичиќ-Митиќ го наведува непочитувањето и деградирањето на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во тимот.