Управниот суд ја отфрли тужбата на Еуростандард банка
30.09.2020 14:07
Управниот суд ја отфрли тужбата на Еуростандард банка, која се однесуваше на решението на Народна банка, донесено од гувернерката Ангеловска-Бежоска...

Управниот суд ја отфрли тужбата на Еуростандард банка, која се однесуваше на решението на Народна банка, донесено од гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Првото рочиште за стечајот е закажано за осми октомври. За стечаен управник на банката беше именуван Душко Тодевски.
Штедачите кои имаат влог поголем од 30 илјади евра, кој не можеше да биде наплатен преку Фондот за осигурување на депозити, заштедите ќе ги бараат од стечајната маса на банката.
Лицата и фирмите кои се чувствуваат оштетени, формираа свое здружение кое утре пред Собранието ќе одржи протест.
